Предизвик за високообразовните институции (ВОИ) од Западен Балкан да се интегрираат со студентите, академијата, организациите за учење, социјалните агенции, индустријата и владата за да дискутираат -и пронајдат- решенија кои ќе доведат до модернизација на високообразовните институции (ВОИ).
Универзитетската педагогија, најмногу зајакната преку функционирањето на Центрите за настава и учење (ЦНУ), е главен столб за имплементација на Европската област за високо образование.
Целта на проектот МАГНЕТ е да се формира конзорциум на високообразовни институти (ВОИ) од Западен Балкан за да се сподели загриженоста за универзитетската педагогија и да се воспостави мрежа која ќе одговори на предизвиците на промената кон активна, ориентирана кон студентот и интерактивна култура на настава и учење во ВОИ на Западен Балкан.
МАГНЕТ има за цел да развие мрежа за универзитетска педагогија во земјите од Западен Балкан, преку трансфер на знаење од земјите кои имаат функционални ЦНУ до сите земји партнери. Главните цели на МАГНЕТ вклучуваат трансфер на знаење, основање на ЦНУ во рамките на секоја високо образована институција, производство на едукативен материјал за семинари за академски кадар и создавање на одржлива мрежа - БАЛКАНЕТУП (Балканска мрежа за универзитетска педагогија).
Резултатите може да се сумираат во